Новости

Трчаме на маратонот во Софија

ЕВРОИНС Школата за трчање ќе учествува на трките што ќе бидат дел од Софискиот маратон што ќе се одржи на 12 октомври 2014 година. Може да се учествува на трките на 8км, 20км и маратон ( 42 195м). Стартнината за 8 км е 3 евра,а за 20 км е 5 евра. Плаќањето ќе го извршиме на денот кога ќе ги подигнуваме стартните пакети. Секој што сака да трча, нека се регистрира со латинично писмо на официјалната веб страна http://marathonsofia.com/?page_id=498

најдоцна до 28.09.2014. Сите што ќе се регистрираат, исто така нека ги испратат своите податоци на skolazatrcanje@yahoo.com за да ја имаме точната бројка на учесници и да може да се организираме за сместување и транспорт. За подетални информации може да се јавите на 078 402 665.