Искуства

Искуство на Зоран Филиповски

zokiПланинарењето, прошетките по чист воздух, многу ми значеа уште од најрана возраст. Но, со зголемување на обврските едноставно разбрав дека сé почесто не сум во состојба секој викенд да престојувам во природа. Конечно, во 2010 година, по препорака на докторот почнав со трчање по тротоарите во населба Чаир. Бев задоволен од здравствениот ефект, но и од откритието дека за оваа активност не е потребно да се одвои значително време. Трчав по малку, по 2-3 километри, ужасно нередовно, ретко, но сепак бев среќен и уживав во трчањето. Колку малку му е потребно на човек… Сепак, посакав да внесам малку ред во сето тоа! Затоа почнав да пребарувам по интернет страните и да изнаоѓам разни школи од бившите Ју држави, програми за трчање „прилагодени за сите“ итн. Сето тоа беше многу убаво, но сепак и самите тренери на тие школи го фаворизираа индивидуалниот пристап !
И така, сé се смени, кога сосем случајно дознав за Евроинс Школота за трчање на Кокан Ајановски. Веднаш се пријавив, уште истиот ден се приклучив на групата и тоа навистина беше она што го барав: дружење, индивидуален тренинг… Опкружен со друштво почнав да осознавам нови искуства, да внесувам нова енергија во тоа што го правам. Фиксните термини на тренинзите, влијаеа на редовноста и дисциплината која многу тешко се обезбедува при индивидуалното спортување. Напредокот набргу почна да се забележува, ја научив структурата на еден тренинг, ставот на тркачот, исправниот начин на трчање, почнаа да се зголемувааат истрчаните километри, но од ден на ден почнав да чувствувам истрошеност/слабост која веќе не можев да ја компензирам ни со најобилните оброци !? Се најдов на „непознат терен“, доаѓав на идеја да го намалувам интензитетот, километражата… сé ми доаѓаше на ум, само не она вистинското! Тренерот не повика на предавање, кое дефинитивно ја пополни празнината на мојот тренинг – предавање за правилна исхрана!!! Дознав дека начинот на исхрана ми бил сосем несоодветен!? Почнав уште од првиот ден да го менувам начинот на исхрана.Тоа е процес кој се уште трае, процес на постепено привикнување на организмот, процес прилагоден на мојот метаболизам, потреби и можности, но сепак резултатот е евидентен дури и со дуплирана километража (напор)!
Дојде и долго посакуваниот „Скопски маратон“. Учествував на трката на 5 км, но по препорака од тренерот трчав „лесно без напор, како на тренинг“. И покрај тоа, и покрај болките во зглобот, превитканиот бандажер со кој секој чекор ми беше болка… постигнав подобар резултат од дотогашниот и … бев среќен!!!
Болката – таа е секогаш тука, повеќе или помалку, но е дискретна и ме научи да ја почитувам, да ја слушам, да ја разбирам но и да и се спротивставам!
Разбрав: сето ова и многу повеќе не се учи од месец дена со Кокан – не можеш да дојдеш месец дена на тренинг и потоа да си продолжиш сам (веќе научен !?). Во „Евроинс“ Школата за трчање, се отвара една „голема книга“ за која треба време да се прочита, а се „описменуваме“ секој тренинг!!!