Новости

Шапка фест – велосипедизам и трчање – 2015

И оваа година 6 пат по ред се одржа Шапка фест,манифестација која е во организација на ПРОБАЈК. Освен планинскиот велосипедизам, оваа година беа организирани и планински трки, за кои ЕВРОИНС Школата за трчање беше главен промотер и помагател во реализација на истите. Одлична организација, супер дружба и пријатна спортска атмосфера беа само дел од убавите зборови кои го красат овој настан. Од екипата на ЕВРОИНС Школата за трчање ги издвојуваме следниве резултати достојни за почит:

8км: Савица Поп Тонева – 1 место (жени),Илчо Трајковски – 2 место (мажи),Александар Аневски – 5 место(мажи).

16км: Игор Стојановски – 2 место (мажи).

11951618_1196864193674083_7535565087903719576_o

Повеќе информации на www.sapkafest.mk