Искуства

Искуство на Мики Попоски

Мојата прва трка беше полумартонската трка на Скопскиот маратон 2014 година. Идеjата да трчам полумаратон беше на брат ми, на чие инсистирање јас како голем љубител на спортот прифатив да трчам. Предходно имам рекреативно играно фудбал и кошарка и предизвик ми беше да истрчам 21 км во мојот роден град. Со неколку дена трчање успеав да го истрчам полумаратонот, а резултатот беше 2:01:15. Слушнав дека шампионот на Македонија, Кокан Ајановски органзира трки на 5км и решив да учествувам на тие трки.

13179404_1180817755301739_9154386131640488984_n (1)

316

Резултатите од првите трки ми беа околу 23 минути, а јас не бев задоволен со тие резултати. Потоа учестував на полумаратоните ‘’Трчаме кон целта’’, ‘’Шри чин мој’’ и полумаратонот на Гази Баба. По завршувањето на полумаратонот на Гази Баба разговарав со Кокан каде што се информирав за неговата школа за трчање и решив да станам дел од неа. Тренизните во школата беа нешто ново за мене. Со тренизните добив нови навики, ми се подобри расположението, запознав нови пријатели. Советите и искуството кои ми ги пренесе Кокан од мене направија да бидам целосно посветен на трчањето. Тренинзите, советите и промената на начинот на исхрана дадоа резултати. Секојденвните тренинзи во школата, се повеќе и повеќе ме мотивираа да тренирам и да ги слушам сите совети што ми ги даваше Кокан и така за само неколку месеци моите резултати драстично се подобрија. На трките на 5 км во NIKE школата за трчање времето од 23 минути го спуштив под 19 минути. Уште поголем е мојот напредок на полумаратонските трки. На државното превенство на Македонија во полумаратон, трката ‘’Трчаме кон целта’’, истрчав личен рекорд со време 1:28:55, а на последниот Скопски маратон 2016 година на полумаратонската трка, повторно постигнав личен рекорд со време 1:27:52. Откако станав член на NIKE школата за трчање многу сум среќен, целосно исполнет, се прошири мојот круг на пријатели, на кои што сум им многу благодарен за подршката која што постојано ми ја даваат. Многу ми значи подршката од повеќекратниот шампионот на Македонија, Кокан Ајановски кој верува во мене и ми дава целосна подршка и надеж дека може уште повеќе да напредувам. Нека мојата приказна ви биде пример да поченете со трчање, прво рекреативно, затоа што е многу корисно за вашето расположение и здравје, а потоа ќе видите дека трчењето е како некоја магија која ќе ви стане навика во секојденвното живеење. Спортувајте и постигнувајте лични рекорди. Спортски поздрав.

WP_20160508_087