Искуства

Искуство на Кристијан Ристовски

Март 2013 година.Обичен ден кога после работа, дојден дома и после посветеното внимание кон семејството, застанувам пред огледало и гледам рефлексија на човек кој секогаш е спортски активен ,но моментално пасивен посматрач со полни 88 кила.Си викам во себе: ”Време е да се преземе нешто”и освен играње пинг-понг два пати неделно и кошарка еднаш неделно, да се активирам со некоја поинтензивна спортска активност ,а трчањето е еден од моите омилени спортови.Секогаш на кеј трчав по максимум 5-7 километри,но никогаш 21 км и затоа решив на трката ‘‘Трчаме кон целта‘‘ да се пријавам и да истрчам прв пат во животот 21 км. Решив да направам нешто во кое што и самиот на моменти бев скептик.Најпрво почнав со тренинзи,односно со малку подолги дистанци,но благодарение на мојата упорност и силна воља се појавив на стартот на трката на 13 Април 2013 година со најдолг тренинг од 10 км.Трката започна и после 10 км почнав да си докажувам себеси дека можам да издржам до целта.Ја постигнав целта која ми изгледаше на моменти толку недостижно и ја завршив трката со измешани емоции.Од една страна среќен поради тоа што ја завршив трката,но од друга страна тажен поради слабиот пласман.Заврши мојата трка која ја водев највеќе со самиот себе и после тоа бев да видам кој е победникот на трката и да му честитам за остварениот успех.Тогаш го запознав Кокан Ајановски, човек кој победи и кој со својата позитивна енергија и пристап уште повеќе придонесе да се насочам кон трчањето и да остварувам подобри резултати.Силната љубов кон трчањето и пред се желбата да се води еден здрав и активен живот беше причината да ги слушам неговите совети и да напредувам од ден на ден.Ми помогна со неговите совети за избалансирана исхрана и редовни тренинзи дека може да се остварат многу подобри резултати.До ден денес се дружиме активно и комуницираме,разменуваме мислења,совети, а благодарение и на силната воља која што ја поседуваат и членовите на ЕВРОИНС школата за трчање која е под негово водство, дојдов до резултати кои за мене, до пред некое време беа предмет на воодушевавање. Секогаш вербата во себе,менталната издржливост,силна воља и искрената посветеност се тие кои што се водичи во животот за секоја цел да може да се реализира.ЕВРОИНС школата за трчање и Кокан се само вистинската комбинација дека во здравото тело,треба да се вметне здравиот и спортски дух.