Искуства

Искуство на Јане Влаховски

Здраво!
Јас сум Јане Влаховски и имам 48 години. Љубител на спортот ,со силен спортски дух и начин на живот.
На млади години активно се бавев со повеке спортови: карате, мојата прва љубов кон спортот,боди билдинг, подоцна Таи Чи Чуан,бокс, Кикбокс, возев велосипед ,планинарев (во лето веќе бев во 4-5 часот наутро на планина),значи активен сум бил во секој поглед.
Во текот на една година се имам искачено 142 пати до врвот на крстот на Водно ,сум одел 2 пати во текот на денот на планина – тоа беше мојот тренинг.
…… да скратам, да не должам многу, љубовта кон трчањето започна во 2015 точно пред 1 година.

k4

Првите чекори во трчањето ги започнав на полумаратонот за себенадминување на 04.10.2015 каде истрчав со резултат 02 :18:04 сек. а после полумаратонот подоцна стапив во контакт со тренерот Кокан Ајановски и договоривме датум да почнам со тренинг.
А сега најважниот дел на оваа моја приказна!
Се сеќавам еден врнежлив ден се пријавив на првата моја трка на 10.10.2015 год. Всушност, тоа беше 11 трка на 5 км од вториот дел на сезоната – пробав и истрчав за 27мин. 10 сек. Од тогаш, редовно трчав на сите трки на 5км.
Потоа следеа :
– на 01.11.2015 год. прв поштенски маратон во Прилеп каде трчав полумаратон и го подобрив личниот рекорд за 12 мин.со време 02:06:00 сек.
– на 15.11.2015 13ти Ноември традиционална ноќна трка
– на 26.12.2015 трчам за Зоки Хуманитарен полумаратон
– 06.03.2016 Ниш полумаратон – 21 Нишки зимски маратон со време 02:11:47
– 09.04.2016 Полумаратон Трчаме кон целта со време 02:13:57
-08.05.2016 Скопски маратон истрчан полумаратон 02:23:42
– трките на плажа BEACH RUN
– 20.08.2016 2.4 км …. 2ра меморијална трка Димитар Здравевски – Гитко
– 08.09.2016 ОХРИДСКИ МАРАТОН 30-ти ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН МАРАТОН 30 км со време 03:08:29
– 04.09.2016 Белградска трка 10 км со време 58:24
– 19.09.2016 21 км Сараевски полумаратон со време 02:06:00
вкупно за 1 год. имам истрчано >> 7 полумаратони и 1 маратон << k1

…. И така се дружевме на трките, во клубот, а споделувавме и искуства и ги слушавме советите на нашиот тренер Кокан …. а да !!! Да не заборавам да го кажам најглавното ,како станав КУМ во NRC – Nike + Run Club (NIKE школата за трчање). На Бадник, целиот тим славевме и ја кршевме погачата (лепчето) и мене ми се падна паричката и со тоа станав КУМ во нашиот клуб!
Морам да кажам деја NRC – Nike + Run Club (NIKE школата за трчање) има неверојатна дружба ,позитивна енергија ,слога,… едноставно ние сме едно големо семејство кои освен искуствата од трчањето ги споделуваме и најсреќните моменти, родендени,забави ,славиме после секоја трка на заедничка дружба …

k5

Сакам да искажам благодарност до постарите и поискусни од школата за споделените и неисцрпни секојдневни совети ,а најголема благодарност до шампионот и наш тренер ,Кокан Ајановски, кој несебично продолжува да советува и инспирира со своите резултати …..

k3
Сум имал доста повреди како секој спортист,но љубовта кон трчањето ме тера да успеам во тоа што го работам од срце ,никогаш не сум се откажал и не сум пропуштил ниту една трка ,а моето мото е :
Ако не можеш да трчаш – ОДИ !
Ако не можеш да одиш – ПОЛЗИ !
Направи се,само продолжи напред и никогаш НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ !
Поздрав, Кумот
k

kumot