Искуства

Искуство на Игор Андреевски

Со рекреативно трчање се занимавам сигурно повеќе од 10-ина години. Откако престанав да тренирам фудбал, кејот на Вардар ми стана омилено катче за релаксација, издувен вентил после напорниот работен ден, место за полнење на батериите. Го знам речиси секој негов метар од “Александар Палас“ докај “Жабарот“, па назад до Влае. Иако за многумина е монотоно и досадно рекреативното трчање, се наоѓаат најразлични оправдувања за да не се рекреира од типот ладно е, топло е, темно е на сабајле, доцна е навечер за трчање, со насмевка ги проследувам тие коментари, затоа што убеден сум дека мене комплетно ме исполнува секој тренинг на кеј и со страст и со љубов и ден-денес го работам.
Меѓутоа, никогаш ниту сум имал некаква цел, ниту сум мерел километри, калории на тренинзи, се до почетокот на март оваа година, кога увидов дека за остварување на некој посериозен резултат или цел мора да се работи сериозно системски. Колку ќе вложиш, толку ќе добиеш, како и секоја работа во животот. Иако во меѓувреме вежбав и теретана и други програми , килограмите на вага не“мрдаа“, па така дури во март годинава сфатив дека се хранам катастрофално лошо, бидејки изгледот кажуваше се, немав претстава колку и како калории се трошат на тренинг, па надокнадував колку што треба и не треба со храна. Нели, од таму е и поговорката “ние сме тоа што јадеме“. Резултат на тоа беа мои 90 килограми, крвна слика лоша, што не доликува на рекреативец од 36 години кој долго време се занимава со најразлични спортови.
После една трката во март годинава, донесов одлука (ова запаметете го, без тоа нема прв исчекор во било која работа, бидејќи и најголемите успеси почнуваат од првиот чекор) да побарам стручна помош околу исхраната и тренинзите.Го одбрав не случајно некој друг, туку најдобриот во Македонија за оваа работа – шампионот Кокан Ајановски!!! За секој “занает“треба стручно школо, па така и за трчањето, поткпрепено со квалитетна исхрана, колку и да звучи бесмислено за некого, потребнае квалитетна стручна, теоретска и практична подготовка.
После средбата со Кокан, се зафатив со нов предизвик за мене, една нова страница во мојот живот, почеток на нов животен стил, преродба!!! Со комплетна промена на исхраната со воведување на Herbalife производите и дозирани тренинзи во ЕВРОИНС школата за трчање под будното око на шампионот Кокан, како и мојата истрајност и упорност, резултатите почнаа да доаѓаат веќе после првиот месец. Неверојатно, ама вистинито! Килограмите се намалуваа, мастите се топеа, а рекордите во трчањето си паѓаа како круши под дрво. Од месец во месец сум се посигурен во себе, имам самодоверба, истрајност, мотивација да продолжам понатаму кон нови подвизи и себенадминувања. Последните резултати покажаа 20 кг помалку од март годинава и 20 мин побрзо време на полумаратонска трка! Епа кога можам јас, можат сите, никој не е предодреден за успех! Успехот доаѓа со напорна работа!
Затоа, да им порачам на сите скептици и оние кои не веруваат – охрабрете се, почнете уште денес со рекреативно трчање, променете ја исхраната, за да бидете најдобри, треба да учите од најдобрите – го имате достапен неверојатниот Кокан Ајановски со неговото богато искуство, тој ќе Ве насочи каде и како треба! Не двоумете се, променете нешто и организмот ке Ви биде благодарен, затоа што нема ништо повредно од сопственото здравје!!!