Искуства

Искуство на Дана Тасевска

Dana Tasevska iskustvoУште од најраните години јас се занимавам со спорт. На моја 5 годишна возраст почнав активно да планинарам, потоа почнав со интензивно возење велосипед и ролерки,но никогаш немав искуство со трчањето.

За школата дознав од еден мој пријател, кој ми предложи да одиме да трчаме во некоја школа со инструктор. Без размислување прифатив затоа што отсекогаш сакав да трчам и тоа ми беше доволен поттик да почнам, но уште повеќе бев заинтересирана бидејќи нема да трчаме сами, туку со инструктор.

Мојот прв тренинг беше супер. Пријатен и расположен инструктор, кој не охрабри дека сите можеме да трчаме без разлика дали претходно сме имале искуство со трчањето или не, како и супер група на луѓе. Оттогаш па се до денес поминаа 3 месеци и јас сеуште со нетрпение го чекам секој следен тренинг. Секој тренинг е нов предизвик, нов напредок. На секој тренинг сите добиваме различна програма која е прилагодена според нашите можности, како и различна техника за усовршување. Исто така во склоп на самата школа се советите за здрава исхрана која е многу важен фактор. Јас почнав со одење, а денес по 3 месеци, можам да истрчам 8 километри. Првата зацртана цел ми беше да го истрчам Скопскиот маратон и истата успеав да ја исполнам. Следна цел ми е полумаратонот во октомври на 21 км.

Задоволна сум од мојот досегашен напредок и верувам дека со голема упорност и волја ќе постигнам уште подобри резултати. Исто така мора да се заблагодарам и на мојот инструктор Кокан за неговата поддршка и разбирање како и верба во мене.