Ирина Батковска Борозанова на полумаратонот во Барселона,Шпанија ја отвори сезоната на истрчани трки од нашата екипа. Таа направи свој личен рекорд со време од 1ч 54мин 48сек. Одличен начин да се започне оваа 2017 година со истрчан полумаратон во еден од најубавите градови во Европа! Неповолните временски услови со многу снег и лед, не ја спречија Ирина во своите зимски подготовки да биде истрајна и доследна на своите цели,а тоа и резултираше со нејзино најдобро истрчано време на овој полумаратон. Таа ни ги пренесе убавите доживувања од оваа трка и ја мотивираше нашата екипа следната година да трчаме во поголем број во Барселона.
Да се потсетиме дека и во 2016 година, Ирина избра уште една одлична локација за трчање и ново туристичко уживање во Свонси,Велика Британија.