Од Св.Наум до центарот на Охрид или точно 30км на патека која е многу тешка и е со големи нагорнини и надолнини. Тоа се главните карактеристики по кои е познат Охридскиот маратон. Сите кои го трчале знаат дека е извонредно тешка трка, но убавините на охридското крајбрежје прават да се заборават тешките моменти во овој маратон. Нашата екипа NRC – Nike + Run Club (Nike школа за трчање) повторно беше најбројна по бројот на учесници,а сите наши претставници направија одлични резултати и речиси сите успеаја да се себенадминат!