Новости

Nike Lunar Epic Flyknit промоција,март 2016

+ (2)

Дел од екипата на NRC – Nike + Run Club (Nike школа за трчање) имаше чест да ги промовира најновите NIKE патики, Nike Lunar Epic Flyknit. Андреа,Кокан и Кирил уживаа во трчањето со овие патики.

Инженерите на Nike дизајнираа патики кои го акцентираaт природното движење и чувството на флуидност и кои се создадени да ги задоволат потребите на тркачите на долги патеки.

Под мотото „Трчај како никогаш до сега!“ Nike ја претстави иднината на трчањето преку моделот Lunar Epic Flyknit – светлосни години пред своето време!

Nike Lunar Epic Flyknit се патики за трчање за сите оние кои сакаат да го извадат максимумот од себе и да бидат предводници во иновацијата што денешната технологија може да ја овозможи.
Патиките Lunar Epic се комбинација од најдобрите иновации на компанијата и уште при првиот контакт даваат целосно поинакво чувство и сосема ново искуство со својата мала тежина (196 грама) и супериорноста во мекоста и апсорпцијата на ударите во подлогата. Познатите спортисти кои веќе го испробаа новото „чудо“ веруваат дека патиките можат да го променат трчањето и спортот воопшто. Симбиотичкиот горен дел дозволува стопалото, зглобот и ногата да работат како едно. Зголемената еластичност на зглобната обвивка овозможува лесно влегување на стопалото и досега невидено пријатно чувство на зглобот. Токму овој новитет, кој се забележува на надворешноста на самата патика, ги воодушеви спортистите.

+ (4)

+ (5)

IMG_6975

+