Новости

Nike Air Zoom Pegasus 33 Shield промоција,декември 2016

Дел од екипата на NRC – Nike + Run Club (Nike школа за трчање) имаше чест да ги промовира најновите NIKE патики, Nike Air Zoom Pegasus 33 Shield. Бојана,Јована,Анастасија,Пепи,Мики и Кокан уживаа во трчањето со овие патики.

п2

Nike Shield колекцијата вклучува производи специјално изработени и наменети за трчање во променливи (зимски) временски услови. Терморегулацијата е една од најважните работипри вежбање на ниски температури. Одржувањето на температурата на телото на соодветно ниво, без прегревање, е основната придобивка која Nike Air Zoom Pegasus 33 Shield Pack ја овозможува на тркачите. Специјалниот иновативен DWR (трајно – водоотпорен) премаз од надворешната страна на патиката го штити стапалото од дожд и снег, додека ласерски дизајнираниот ѓон има подобрена тракција (шари како кај зимските пневматици за автомобили) која го олеснува дури и трчањето на снег. Shield колекцијата ги вклучува и моделите Lunar Epic Flyknit, Pegasus, Structure и Free, што им овозможува на тркачите да си одберат модел кој најмногу ќе им одговара и со кој ќе уживаат во трчањето и во текот на зимата. Колекцијата, освен патиките, вклучува и нова колекција на облека за тренинг за тркачите со што ќе бидат комплетно опремени за трчање на ладно и влажно време.

п1

п3

п4

п5

п6