Ова е само извадок од интересни денови за периодот. Има уште многу вакви денови, кои ќе останат нераскажани….
Будење… Ух, чувството на надуеност, киселина во стомакот ме буди околу 7.00. Прва работа, кујна, нес кафе, уште нерасонет, и седнување во дневната соба на утринскиот ритуал, кафе (бокал кафе), пола кутија цигари, и паралелно сурфање на ТВ програмите и лаптопот… Чуството дека нешто сум пропуштил е постојано присутно, додека прстите типкаат по тастатурата, паралелно сурфајќи на неколку прозори и менувајќи ги каналите на телевизорот. Киселината во стомакот се зголемува, но нејсе, нели, еднаш се живее. Станувањето од фотељата е напорно, колената крцкаат, но нели, мора да се подготвам за работа. Миење, бричење, и финална контрола во огледало… Малку се сепнувам во последниот поглед, па образите и не ми беа толку големи како сега?!? Очите како да ми пропаднале некаде во лицето…
Влегување во автомобил, поминување низ Скопските гужви, со нормално, десетина пцовки кон возачите, пешаците и сите што се нашле ова утро да ми сметаат. Среќа не треба да носам деца, на распуст се.
Работа. „Прво кафе“ – тоа од дома не се важи… Разговор со колегите, на кој што му фали, што го боли, што го изнервирало од политиката… Стандарден Скопски кафеџиски муабет. Седам на „моето“ место за утринско кафе, со блага болка во кичмата, со тешко дишење, и се прашувам уште колку вака. Се чуствувам навистина старо. Се чуствувам уморно, а денот уште не е ни започнат. Небитно, ги тргам мислите, се фаќам за работа, и да, денот навистина оди, се буди креативноста, функционираат идеите.
10 часот. Малку глад, едно кафе ќе го заблажи гладот, да се избутка денот. Пак на моето место, со дел од колегите… Сфаќам дека грбот ме боли повеќе, ама небитно, ќе помине де. Кашлам од цигарата, ама и тоа ќе помине…
12 часот. Гладен сум. Едно кафе ќе заблажи. Повторно истата процедура. Со една мала разлика. Не знам од каде, ама се појави во мене едно прашалниче, ако се чуствуваш вака, како ѓубре сега, како ќе се чуствуваш на 48, како на 58 (ако ги дочекаш…). Мислата остана позади, продолжи денот, се заврши работниот ден.
17 часот. Дома, одвај се искачувам на 5-ти кат (немам лифт во зградата), со дишење кое потсетува на давење. Ми требаат 10 минути да го нормализирам здивот. Едвај ги соблекувам чевлите. Нозете ми се отечени, што би рекле, тупан. Миење со ладна вода, колку толку да се врати чуството. Седнување на „мојата“ позиција, доле на земја, со подигнати нозе. Лаптоп пред мене, даљинско во рака, да продолжиме каде застанавме сабајлето, со една мала разлика, почнува утоварот на храна.„Дај да јадам, мртов гладен сум“, период од 18-21 часот. Во меѓувреме има прашања од типот „Да прошетаме некаде? – Не можам, се ме боли… Одете сами“… И навистина се ме боли, како да ме згазил воз.
20 часот. Лаптопот служи и за други работи, како на пример да пребараш како да ослабеш. Милијарда приказни… „Лажги за мали деца…“. Линк, Herbalife Македонија… Ми текна каде се, сум го видел логово. Баш ќе ги барам утре да видам што лажги ќе бидат…
Ден 2 – Петок
11 часот. Одам, на пауза, баш да видам што ќе кажат. Влегувам, се сретнувам со познаничка. „Еј што ти тука – Еве да видам што е приказнава“. Long story short, ми ја објасни филозофијата, и си викам, ај да пробам, полошо не може да биде… Дај еден од тоа шејковите, и чај, и не ми продавај други финти, само да ми земете пари. Ќе почнам од понеделник, да ми тргне…
14 часот. Состанок кај Грчка амбасада – „Викни такси те молам – За до таму такси? – Не можам да пешачам, ме боли грбот“
Ден 5 – Понеделник
7 часот. Значи чаша вода, на станување, добро, испиена. Шејк, со 200мл млеко, направен, испиен… Ок, можам и кеиф да си направам, па и кафе да се напијам…
10 часот. Испиена вода, како за чудо не сум гладен, ама јадам една салата.
13 часот. Чудно, Една банана, малку лешници… Немам толку желба за кафе, ама по навика испив 2-3, да не биде без ич.
17 часот. Дома, ручек. Првата промена која ја почуствував – „Не сум мртов гладен“, добро, ручек без леб, без салата, и без се што е од околу….
19 часот. Салата
22 часот. Шејк, и мрш у кревет да не ти се пријаде случајно, супер, за 3-4 дена одам на одмор, може да се преживее и вака…
Ден 25
7 часот. Чаша вода, на станување, испиена. Шејк, со 200мл млеко, направен, испиен…
10 часот. Испиена вода, пилешки стек. Битни биле протеините…
13 часот. Салата, витаминска (тоа цвеклото у ствари било вкусно, а во комбинација со морков, лепота)
17 часот. Дома, Еј, нозете не ми се отечени… Интересно! Ручек, без леб, салата и супа.
19 часот. Салата
22 часот. Шејк со четвртина банана… Се частам за нозете…
Ден 90
7 часот. Чаша вода, на станување, испиена. Шејк, со 200мл јогурт, направен, испиен… (нетолерантен сум бил на млеко, а не сум знаел)
10 часот. Испиена вода, пилешки стек.
12 часот. Состанок – „Не викај такси, пешки ќе претрчам, ене каде е – Плоштад“
13 часот. Овошје, капсули фибер (и тоа метаболизмот бил битна работа да е брз)
17 часот. Дома, Ручек, без леб, салата и супа.
19 часот. Салата
20 часот. Барајќи низ плакарот гледам една циклама боја на кошула. Да ја пробам? Ми ја поклонија пред 3 години, никогаш не ни можев да ја облечам… Wow, па дури и малку комотна е… Време е да се измериме на вагата, или не? (125кг)
22 часот. Шејк со четвртина банана…
Ден 250
7 часот. Чаша вода, на станување, испиена. Шејк, со 200мл јогурт, направен, испиен…
9 часот. Систематски – Мерење – Вагата е за прв пат во мојот живот по 25 години двоцифрена (97кг)
10 часот. Испиена вода, пилешки стек.
13 часот. Овошје, капсули фибер
17 часот. Дома, Ручек, без леб, салата и супа.
19 часот. Салата
22 часот. Шејк со четвртина банана…
Ден 375
7 часот. Чаша вода, на станување, испиена. Шејк, со 200мл јогурт, направен, испиен…
10 часот. Испиена вода, пилешки стек.
13 часот. Овошје, капсули фибер
17 часот. Дома, Ручек, без леб, салата и супа.
19 часот. Салата
20 часот. Гостин на Хербалајф, да го кажам искуството. Пред мене зборат за Кокан Ајановски… Хммм интересно, не сум знаел за трчањево. Можеби и би можел и јас? Пред сите таму „Јас ќе трчам на следниот Скопски Маратон!“ Кај некои луѓе прашалници, ама нели, си кажав… (88кг)
22 часот. Шејк со четвртина банана…
Ден 440 (Ден после Божиќ – 79кг)
7 часот. Чаша вода, на станување, испиена. Шејк, со 200мл јогурт, направен, испиен…
9 часот. Спортска сала, Јане Сандански, прв тренинг фитнес. Супер дечки. „Како да почнам? Па малку трака, малку точак, и вежби со тегови…“ – Да бе, сум тренирал баскет на времето, не е проблем. Трака викаш а? Одење…. аха, ај да забрзаме, ииии па сум можел јас! Цели 800 метри пред да ми отиде душата у нос, и да не кажам каде на друго место…
11 часот. Протеински шејк.
13 часот. Овошје, капсули фибер
17 часот. Дома, Ручек, без леб, салата и супа.
19 часот. Салата, Омега 3
22 часот. Шејк со четвртина банана…
Ден 490
7 часот. Чаша вода, на станување, испиена. Шејк, со 200мл јогурт, направен, испиен…
9 часот. Излегување на отворено… Прво трчање. Локација Кеј… Прв обид на 5км, после неколку успешни на трака од 5км за 33-34 мин… Ух, не било исто, ама оди некако. Стил немам, техника ич, ама воља и желба колку сакаш… По некои 31 минута умирање, ама без откажување, истрчани! Oh Yeah baby… Мислам дека се осеќав како Mo Farah кога освои злато и на 5км и на 10км во Лондон, заедно! Добро, тогаш и не ми беше идол, ама сега ми е . Во тој период и беше првата конретна средба со Кокан. „А да почнам ја да тренирам? – Стигни до 7-8км, па ќе се видиме на стаза“ – Их, како беше, КОЈ БЕ НЕ МОЖЕ?
11 часот. Протеински шејк.
13 часот. Овошје, капсули фибер
17 часот. Дома, Ручек, без леб, салата и супа.
19 часот. Салата, Омега 3
22 часот. Шејк со четвртина банана…
Ден 550 (Скопски Маратон 2015 кој не се оддржа)
7 часот. Чаша вода, на станување, испиена. Шејк, со 200мл јогурт, направен, испиен…
9 часот. Излегување, одење на стартна локација. Насобрани трчачи кои дошле да истрчаат, а кои не знаат дека е откажан маратонот. Ревијални 10-11км низ Скопје… Во тој момент станав зависник! Во меѓувреме имав (еднаш) истрчано 10км, така да не ме исплаши премногу рекреативниот круг. Сепак, остави многу длабока трага во мене. Видов дека постои братство, во кое не е битно од каде си, што си, колку си богат или сиромав, или колку брзо или споро трчаш… Неповратно се „преобратив“
11 часот. Протеински шејк.
13 часот. Овошје, капсули фибер
17 часот. Дома, Ручек, без леб, салата и супа.
19 часот. Салата, Омега 3
22 часот. Шејк со четвртина банана и чиа семе… Паднат во кома од умор, убав умор…
Ден 565 (Почеток на дружењето)
6 часот. Чаша вода, на станување, испиена. Шејк, со 200мл јогурт, направен, испиен…
8 часот. Излегување, неделен тренинг. „Истрчај 10 лесно, и на крај вежби техника – Важи и полетувам… Лесно е широк поим “. Начелно го слушам тренерот, ама нели, има тврдоглавост, а што е најсмешно, се се плаќа отпосле . Од тој ден натаму па до денешен ден, мнооогу први нешта се случија. Први 14км, први 16км, први 18км (и тоа на Водно), Рекорд на 5КМ, 27 мин, 25 мин, 24 мин, 24 мин, 22.02 (во моментов). Не е лошо за 9 месеци трчање…
11 часот. Протеински шејк.
13 часот. Овошје, протеински колачиња
17 часот. Дома, Ручек, без леб, салата и супа.
19 часот. Салата, Омега 3, протеинско колаче
22 часот. Шејк со четвртина банана, аронија, чиа и лен…
Ден 610 (Прв 21км на тренинг)
5 часот. Чаша вода, на станување, испиена. Шејк, со 200мл јогурт, направен, испиен…
7 часот. Излегување, неделен тренинг. „Истрчај 18км лесно… Чекај, нема 21 да истрчам пред трка… Не мораш, ама ако ти е за душевен мир, истрчај“ – Их… Значи сите тие станувања во 4.30 преку лето, трчање пред работа, си дојдоа на свое… 21км, за 1.59.00
11 часот. Протеински шејк.
13 часот. Овошје, протеински колачиња
17 часот. Дома, Ручек, без леб, салата и супа.
19 часот. Салата, Омега 3, протеинско колаче
22 часот. Шејк со четвртина банана, аронија, чиа и лен…
Ден 631 (Прва Полумаратонска Трка 81кг – 9% телесни маснотии)
3 часот. Чаша вода, на станување, испиена. Шејк, со 200мл јогурт, направен, испиен…
5 часот. Банана со мед. Последни проверки пред трка, уште малку дремка до излегување….
8 часот. Излегување, трката е од 9, стартот е на 10 мин од сместувањето…. Ух, трема, не знаев дека имам трема… Старт. Целата крв мислам дека е во глава. Гледам на саатот, држам темпо кое на тренинг не го ни сонувам. 5КМ, супер сум… 10КМ супер сум. Вртење. Малку ме умори угорницата, ама крајот е поблиску од почетокот. 15КМ супер сум. 18КМ… Не сум супер, ама веќе се гледа крајот . 31 степен, сонце убија, влага 98%. Пред 621 ден на вакво време ако изодев 100м мислам дека ќе доживеев срцев удар. Ја гледам целта! Спринт (колку што се може) – 1.54.40 Прв полумаратон…. Значи ми требаа отприлика 630 дена, или 100-тина дена помалку од 2 години, од комплетно замрсен и улежан „старец“ до полумаратонец… Многу емоции тој ден…Се уште кога ќе се сетам доаѓаат емоциите… Нормално, Кокан веќе пишал и СМС и на Facebook – „Како помина? Пиши да не те мислам. И не само Кокан, целата екипа пишале – Нормално, малку фалбаџиски 1.54 , и тоа можев и подобро“. Можев сигурно, ама нешто и за следниот да остане…
12 часот. Интегрални тестенини
13 часот. Лубеница, еспрессо
14 часот. Парче пица, Салата
15 часот., Омега 3, протеинско колаче
22 часот. Шејк со четвртина банана, аронија, чиа и лен…
Ден 670 (Загреб – Џомба, 2-ра трка, искусен маратонец )
3 часот. Чаша вода, на станување, испиена. Шејк, со 200мл јогурт, направен, испиен…
5 часот. Банана со мед дупла доза. Последни проверки пред трка, уште малку дремка до излегување….
8 часот. Излегување, трката е од 10 ама Загреб е блокиран за трката. Со целата моја публика со трамвај стигнавме на плоштадот (Бан Јелачиќ да е жив и здрав). Хммммм, мала утка. ЈА облечен ко за 10-12 степени, макс, надвор 3-4 степени, 30км/час ветер, дожд растура. Доообро… Почува паника, со шушкавецот што го имам, ќе тежи многу, ако одам без него, ризикувам хипотермија. Као искачам да се загреам од еден кафиќ каде пиеме чај, после 3 минути се враќам премрзнат. Мојата сопруга искача херој, вика бирај шушкавец, те частам (Asics најтенкиот и лесниот шушкавец у свет). Пијам гуарана на 15 минути пред старт. Почува да работи и адреналинот. Дува, ладно ја се смеам. Комплетно ново доживување. Старт! Добро… Ќе го слушам Кокан, конзервативно на почеток, до пола, па после пола кому иде. Интересно! Гледам на Suunto-то првите 5км просек 5.14. За мене, како на 5км трка до тогаш, а ја не сум ни убаво задишан. Налети на ветер и дожд, ама нема везе… Нема зад кој да се подзаскријам, да не ме мава директ, ама тоа е, пусто голем сум. Гледам зад мене се наредиле 10-тина тркачи, се кријат од ветерот… Последните 5км се напор, мокри чорапи, веќе има и плускавци од влагата, ама тоа ќе го мислам после. Среќа последните 3 се блага удолница, стискам колку што се може. Во последните 150метри ги барам навивачките (сопругата и ќерките)… Ми го даваат знамето, и како ослободител на Загреб, влегувам во целта… Сега ги разбирам сите муабети од Бојан, Гиш и останатите. Трка е комплетно различен момент. Завршувам со 1.48.49. Просек 5.09. Претходно најбрзи 10км ми биле со просек 5.15… Трка и се е можно.
12 часот. Пиво (Ожујско)
13 часот. Еспрессо, пица, банани
14 часот. Салата
15 часот. протеинско колаче х3
17 часот. Частам (Избор на децата McDonalds )
22 часот. Шејк со ПОЛА банана…
repetitio est mater studiorum – Повторувањето е мајка на знаењето… Исто е за јадењето, исто е и за тренирањето. Дајте му време на телото да научи, и ќе научи. Слушајте го телото, ќе ви каже што почитува, а што не…
Следна лекција – Како да станам маратонец (со време под 3 часа) – ова последното за 10ка, нели?