Искуства

Искуство на Перица Заковски

Здраво убави луѓе.Еве и од мене кратка сторија во врска со спортскиот начин на живеење.Јас сум Перица Заковски.Имам 29 години,но сите мислат дека имам помалку.Може да претпоставите зошто?Поради здравиот стил на живеење кој се состои од здрава исхрана и редовни спортски активности.Да бидам искрен ваквиот стил почнав да го применувам последниве неколку години.Претходно бев по малку порочен и живеев крајно несреден живот.Еден од моите приоритети стана трчањето за кое што сметам дека претставува сложена вештина која бара голема упорност.Моите почетоци датираат од 2012 година кога првпат истрчав полумаратон во Скопје.Се подготвував релативно кратко време,а најмногу имав истрчано 15 километри.Настапив на трката без никакво искуство. Поради недоволно познавање околу исхраната, уште на почетокот од трката имав болка која што растеше пропорционално како што изминуваа километрите.На петтиот километар мојот стомак се наоѓаше во апсолутна агонија.Малку фалеше да се откажам,но стиснав заби и продолжив.Дури на 16-от километар почна да ја снемува болката,но веќе во наредниот километар започнаа нови патешествија.Силни грчеви во пределот околу вратот.Во тие моменти применував своја автосугестија.И ете, лека полека, се ближеше крајот на мојата полумаратонска трка.Кога ја здогледав триумфалната капија се воздржав да не заплачам.Финиширав со спринт.Тоа беше настан кој остави трајни спомени во мојот живот.Нема да детализирам за сите трки на кои сум земал учество.Ќе се задржам малку на филозофското зошто го применувам трчањето и секако на мојот идол во трчањето.Трчам затоа што тоа придонесува за одржување и подобрување на моето психичко и физичко здравје.Се чувствувам поживо, бидејќи енергијата е зголемена и фокусот е изострен.Прави да се чувствувам позитивно и исполнето.Едноставно уживам кога трчам.Несомнено, мојата инспирација е Кокан Ајановски.Тоа е човек кој максимално е внесен вo спортот,верува во своето себенадминување и истата верба ја пренесува на сите нас.Неодамна имав можност да го запознаам лично на првата трка која ја организираше ЕВРОИНС Школата за трчање.Дојдов во негова чест и од тогаш немам пропуштено ниедна трка.Тоа е трка на 5 км за која не се плаќа котизација.Тоа е настан кој не’ обединува и социјализира.Со секоја наредна трка моето трчање стануваше побрзо и полесно.Веќе на петтата трка освоив трето место за кое бев награден со диплома лично од Кокан.По негова покана имав чест да присуствувам на една од неговите презентации.Главна тема беше неговиот живот претставен преку спортот.На професионален начин ни ги претстави неговите искуства.Си реков:‘’Oва е човекот кој пребрзо стигнал предалеку и кoj станал првак во многу дисциплини во трчањето’’.Мојата порака за крај: ‘’Tренирајте било каков спорт и верувајте во своите способности’’.Спортски поздрав.