Искуства

Искуство на Дарко Најдовски

Мојата идеја за зачленување во ЕВРОИНС школата за трчање беше да се преброди големиот скок од 5 до 21 км и учеството на еден полумаратон.Три години по ред учествував на Скопскиот маратон и секоја година на трката на 5 км и после секој финиш си викав, готово, следната година морам да одам на 21 км.Рекреативно трчав доста време меѓутоа на кратки дистанци по 5-6 км дневно и никако не можев да ја поместам таа граница.Случајно налетав на напис во весник за ЕВРОИНС школата за трчање и за еден месец успеав да го завршам мојот прв полумаратон и не ни можев да претпоставам што ме очекува после тоа.За краток период целосно се навлеков на трчањето и позитивната атмосфера која е присутна на тренинзите.Без разлика што трчањето е индивидуален спорт, оваа школа е доказ дека со позитивна атмосфера и дух може да се тренира во група.Набрзо потоа го истрчав следниот полумаратон и благодарение на правилните тренинзи го подобрив своето време за 10 минути и со нетрпение ги очекувам следните трки и предизвици.