Искуства

Искуство на Бурхан Адемовски

Драги мои, сакав да ја споделам мојата историја во врска со трчањето. 08.03.2015 Точно на овој ден пред 2 години тргнав по еден пат кој цврсто се решив дека ќе го одам до крај без разлика дали ќе успеам во тоа или ќе биде само сон, се работи за трчањето. Срцево ми беше само на тоа фокусирано и не мислев на ништо друго, како да не постои ништо освен трчање. Почнав да трчам секој ден без застанување, не знаејќи за доста. Сите ме гледаа и ми се смееја. Јас само трчав и ништо не ми беше важно кој и како мисли за мене. После некое време истражував за трчањето дали би имал јас некаква шанса да пробам да почнам некаде да се бавам со трчање. Помина некое време, но не успеав да стапам во контакт со ниеден од клубовите во Скопје, но јас продолжив и бев многу среќен кога дознав дека се одржува крос за средношколци. Се пријавив. Беше трка на 1500м кога за прв пат стапнав на патеката за трчање на стадион и си мислев дека сонот полека ќе ми се оствари. После тоа стапив во контакт со другар кој е атлетичар и ми помогна што да правам и како да тренирам за да постигнам добри резултати и да дојдам до посакуваното. Втора цел ми беше Скопски маратон 2015 кога за прв пат пред толку луѓе се почуствував како цел свет да е мој. Се пријавив на трка на 5 км и тогаш за прв пат истрчав 22мин 40сек и бев толку среќен што ми даде нова мотивација да продолжам по патот по кој почнав. Помина кратко време, се уште истражував и дознав дека имало некоја школа за трчање и организирале трки на 5 км на кеј. Се пријавив и првата трка ја истрчав за 21м. 45сек. и тогаш бев многу среќен. Разговарав со членовите на школата и ми кажаа дека имало трки на секои 2 недели. Не можам да опишам колку бев среќен. Јас продолжив сам да се борам да го остварам сонот и за само 3-4 месеци стигнав до резултат 20мин 10сек на 5км. Си реков: ‘’ Чекај, ова е веќе одлично јас премногу напредувам’’- иако трчав во никакви услови не знаејки каква исхрана да внесувам и со каква опрема да трчам, но не се откажував и покрај некои повреди, јас продолжив да тренирам. Паѓав, но со крената глава, продолжив.

bili3

Почна и 2016 год. и стапив во контакт со Кокан Ајановски,организаторот на трките и воедно тренер на Nike школата за трчање. Кога дознав дека во тој момент, Nike школата за трчање не беше регистриран атлетски клуб, одлучив бидам дел од друг клуб затоа што сакав да се натпреварувам на државните првенства. Тогаш, се договоривме од следната сезона да преминам во Nike клубот,затоа што во тек беше постапката за регистрација во атлетски клуб. Благодарение на трките од Nike школата за трчање за само 2 трки дојдов до резултат 19мин 21сек на 5км. Главната мисија беше извршена, за прв пат официјално почнав да тренирам во АК Лириа. Тренирав напорно, но за жал бев тажен бидејки немав услови , односно опрема за трчање. По само некое време дојде и Скопски маратон 2016 и постигнав за мене неверојатен резултат на 5км, 18м25сек. кој за мене беше како да сум стигнал веќе на врвот. Јас бев среќен, но од друга страна тажен заради условите.

bili

3 месеци пред крај на 2016 повторно го прашав Кокан дали ќе може да се префрлам во NRC – NIKE + RUN CLUB (Nike школа за трчање) и дали ќе може да настапувам на државни првенства. Бев среќен кога ми одговори дека може, затоа што јас се чуствував како да сум дел од тоа семејство. По само 2 трки, пред крајот на годината дојдов и до мојот личен рекорд 18мин 5 сек. на 5км за кој сум благодарен на сегашниот тренер Кокан Ајановски. Многу сум среќен што сум дел од ваква прекрасна екипа бидејки тука почнав и тука ке ја завршам мојата кариера, заедно со вас. Оваа година како дел од NRC – NIKE + RUN CLUB, станав вице шампион на државното првенство во крос кантри во млади сениори и моментално сум на прво место во Nike лигата во трчање. Моите идни цели се многу високи и се надевам ќе ги остварам. Ви благодарам на сите. И како за крај ке кажам: ‘’Трчањето е љубов. Tрчај од срце, сакај го од срце и никогаш не се откажувај’’.

bili1

bili2

bil4