Дел од екипата на NRC – NIKE + RUN CLUB (Nike школа за трчање) имаше неверојатна можност да учествува на некои од најелитните маратони во светот. Елисавета Нојковска трчаше во Њујорк,Ивана Атанасова во Мелбурн, а Бојан Сапунов во Берлин! Искуствата кои ни ги пренесоа се многу инспиративни и секој од нас посакува еден ден да има ваква привилегија и да трча на некој од овие маратони.