Дел од екипата на NIKE Школата за трчање и NIKE+RUN CLUB зема учество на Белградскиот маратон кој се одржа на 16.04.2016.
Многу незаборавни моменти исполнети со забава,дружење и се разбира трчање, ќе останат запаметени кај сите наши маратонци. За обележување е остварувањето на Антонија Брезовска која со 1 час 59 мин. 57 сек. го имаше најдоброто време од сите македонските натпреварувачки. Кај мажите пак, Бојан Сапунов со време од 3 часа 41 мин. 01 сек., го истрча својот прв маратон и исто така имаше најдобро остварено време од сите македонски натпреварувачи. Својот прв полумаратон го истрча Ирена Стоименова со време од 2 часа 11 мин. и 59 сек. Од останатите претставници на NIKE Школата за трчање и NIKE+RUN CLUB личен рекорд во полумаратон постигна Христина Деспотовска (2 часа 21 мин. 58 сек.) и Игор Стојановски (1 час 30 мин. 26 сек.). Честитки и за останатите наши кои успешно го истрчаа полумаратонот: Фани Хорват ( 2ч 55мин. 14 сек.), Дарко Најдовски ( 1 ч. 36 мин. 37 сек.), Илчо Трајковски ( 1 ч. 58 мин. 54 сек.), Дарко Брезовски (2 ч. 06 мин. 21 сек.) и Стефан Стефановски ( 2 ч. 22 мин. 59 сек.).