Новости

Маратон на себенадминување во Ниш

На 1 март 2015, во Ниш се одржа традиционалниот зимски маратон на себенадминување, на кој што учество зема и дел од екипата на ЕВРОИНС Школата за трчање. Нашата екипа учествуваше на полумаратонската трка. Одличен успех и трето место оствари Елисавета Нојковска со резултат 2:02:28. Владимир Секуловски со личен рекорд ,1:31:24, го освои 11 место,а Игор Стојановски, 1:35:19,исто така се себенадмина и се пласираше на 14 место. Драган Тодоровски со време 1:55:34 и Зоран Филиповски со постигнат резултат 2:05:17 беа останатите двајца претставници од машка конкуренција. Честитки на сите со желби за нови успеси во иднина!