Резултати

Резултати од трката на 27.12.2014

Еве ги официјалните резултати и видеото од последната за оваа година (шеста) трка на 5 км организирана од ЕВРОИНС Школата за трчање заедно со организацијата ЈЕС АЛУМНИ Македонија. Како за последна трка оваа година, беа истрчани и најдобрите времиња до сега на оваа патека во женска и машка конкуренција! Овој убав спортски настан го искористивме уште еднаш да ги промовираме здравите животни навики и посветивме внимание за подигнување на јавната свест за спречување и реагирање на сите форми на насилство кон жените и девојките. Секој од учесниците носеше портокалова трака,врзана на раката со што симболично ја пренесовме пораката. Честитки за сите што учествуваа и се гледаме следната година.
Slide1