Новости

Трка на 5 км

trka

Евроинс школата за трчање започнува со организирање трка на 5 км.  која ќе се одржува најмалку 2 саботи секој месец! Старт и цел ќе биде на патеката на кејот на реката Вардар – Кај Жабарот.
Ќе се трча по асфалтираната патека до мостот кај Александар Палас и назад (точно 5км.). Може да учествува секој што сака да трча. Трката ќе се организира со цел да се промовира трчањето и здравиот активен начин на живот и да се поттикне себенадминувањето . Пријавување и подигнување на бројчињата e во 8ч.
Почнуваме оваа сабота, 04.10.2014, во 8ч. 30мин. ! Стартнина не се наплаќа и секој учествува на сопствена одговорност. Ве чекаме на трка!