Новости

Загреб (полу)маратон 09.10.2016

Повторно голема македонска маратонска експедиција се упати кон уште еден од најубавите градови во поранешна Југославија. Трчавме на трките во Загреб, каде што учествувавме на маратонската, полумаратонската и трката на 5км. Нашата екипа NRC – Nike + Run Club (Nike школа за трчање) си помина незаборавни моменти заедно со своите пријателски екипи од Белград и Загреб. Дебитантски настап на повеќемина наши на маратонската трка,а за обележување беше и најдобро истрчаното македонско време за 2016 година од страна на Кокан Ајановски кој беше и десетопласиран на маратонот во главниот град на Хрватска. Многу убави моменти за сите наши членови ветуваат дека наскоро повторно ќе бидеме дел од оваа трка.

z1

z2

z8

z4

z3

z5